ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го покажа своето вистинско лице

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ за кратење на платите на опозициските пратеници кои го бојкотираат Парламентот наведува дека опозициската партија го покажува своето вистинско лице.

– Најостра и најжестока реакција СДСМ прати поради најавата за кратењето на платите на пратениците, кои што најавија бојкот на Собранието. СДСМ не реагираше кога нивните пратеници кршеа државен имот, кој директно е платен од граѓаните, кога нападнаа претседател на Собрание, се закануваа на пратеници и ги покриваа собраниските камери, за граѓаните да не го видат нивното сценарио, се наведува во соопштението.

СДСМ, како што посочуваат од владејачката партија, е најнеповикан да зборува за парламентарна демократија по сите изјави и повикувања за насилнички сценарија и рушење на власт од улица, а не на демократски парламентарни избори, како во секое демократско општество.

– Платите за пратениците се од граѓаните и тие плати се за пратениците да си ја извршуваат својата работа предвидена со Устав и Закон. СДСМ треба да престане со креирање сценарија, кои се на штета на Република Македонија, повикува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски