(ВИДЕО) Анкета: Лидер како Груевски со години да бараме нема да најдеме

Од:

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што денес присуствуваа на свечената академија во Штип, по повод празникот 23 Октомври дадоа поддршка за претседателот на партијата, Никола Груевски.

„Таков лидер како Груевски со години да бараме нема да најдеме“, „ВМРО-ДПМНЕ примаше сдсмовци и затоа ги загуби изборите“, „Груевски е најдобриот лидер што може да постои“ – беа дел од ставовите на присутните членови.

Тие не одговорија на прашањето дали врвот на партијата ќе поднесе одговорност за изборните резултатите од првиот круг на локалните избори, а скоро сите беа убедени дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во вториот круг во Штип.

Груевски во својот говор најави дека ќе продолжи со борбата и дека никој не може да го скрши. Тој ги повика да му се приклучат сите скептици, како и оние што подлегнале на пропагандата.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија