(ВИДЕО) Груевски се заканува: Нашиот организам ќе почне да работи со 120 отсто капацитет

Од:

Во салата во Штип која собира околу 800 луѓе и без присуство на многу видни лица од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски најави дека ќе се бори и никој немало да го скрши. Повторно изедначувајќи се со народот и соочувајќи се со опстанокот на првата позиција на партијата, Никола Груевски повика на приклучување во борбата на сите скептици и оние што подлегнале на пропагандата.

-Ако мислеа дека со фалсификувани избори ќе не поразат им порачуваме дека притиснале копче со кое нашиот организам ќе почне да работи со 120 отсто капацитет. Сите можеби некогаш се оправдано скептици, но и оние кои подлегнале на пропагандата нека ја видат голема слика и да се придружат на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е битка на еден народ за опстанок, рече Груевски.

Ова што денеска го прават нема да се заборави. Запалените возила и гуми нема да ги избришете од нашите спомени. Заканата за укинување на субвнциите на земјоделоцот, намалената просечна плата и целта економија за некое време нема да се заборави, рече Груевски.

Тој најави помош за луѓето кои завршиле во затвор по настаните од 27 април.

-Сите ваши криминалци, силувачи, лопови, да ги ослободите, нема да го скршите нашиот дух, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он