Струмица почна со поставување нови куќни броеви и табли со имиња на улици

Од:

Општина Струмица од денеска започна со поставување нови куќни броеви и табли со имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти,за што ќе бидат потрошени сто илјади евра од општинскиот буџет.

Со поставување на бројот еден и таблата на улицата „Сандо Масев” на зградата на општинската администрација, денеска општина Струмица започна со замената на старите со нови куќни броеви, како и нови табли со имињата на улиците во градот и населените места.

На прес-конференцијата градоначалникот Зоран Заев истакна дека ова е прва акција на општина Струмица во новата година,а истата од оправдани причини не е реализирана во 2012 г.

– Станува збор за многу важен и нужен проект кој е во согласност со Законот за определување на имиња на улици,плоштади,мостови и други инфраструктурни објекти, како и со Одлуката на советот, со која се изврши промена и ставање на нови имињата на околу 90 улици во градот.За реализација на оваа акција ќе бидат потрошени 100.000 евра од општинскиот буџет. Главен изведувач е „Раде Кончар” од Скопје, а во реализацијата се вклучени и фирми од Струмица. Со цел побезболно и побрзо одвивање на оваа акција, како и запазување на постојниот нумеролошки систем, новолегализираните објекти покрај куќниот број, ќе добијат и буква,рече градоначалникот Заев.

Општина Струмица апелира граѓаните да помогнат во реализацијата на оваа законска обврска, со цел олеснување на работата на поштата и јавната администарција во доставувањето на документите и пратките на вистинската адреса. 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски