ВМРО-ДПМНЕ: Мафијаши, симпатизери на СДС, вршат притисок врз гласачи во Демир Капија

Од:

„Во Македонија на власт не дојде политичка партија туку мафијашко здружение наречено СДС. Вадењето на пиштоли на граѓани кој ги почитуваат законите станаа секојдневие во Македонија во овој изборен циклус. Граѓаните кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се таргетирани од криминалните структури под контрола на СДС малтретирани тепани и под закана за нивната безбедност и живот.

Но заплашувањето, уцените и заканите повеќе не функционираат граѓаните се почесто и посмело излегуваат јавно да сведочат за мафијашкото делување на СДС. Смелоста на овие луѓе ќе го порази режимското владеење на Зоран Заев и СДС. Граѓаните на полицијата и Оливер Спасовски со име и презиме им ги посочуваат сторителите на овие кривични дела, но полицијата во овие случаи се јавува само како соучесник наместо да ја врши својата законска должност.

Само последен во низата црни настани со кои во Македонија се укинува демократијата е инцидентот што се случи во Демир Капија каде градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја води борбата за вториот круг од локалните избори. Според сведоштвото на граѓаните по посетата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија на граѓанин, на врата тропнала мафијата на СДС која со огнено оружје почнала да им се заканува дека ќе ги убие поради нивната политичка определба.

Мафијашите, симпатизери на СДС по сведоштвата на граѓаните и признале дека редовно го следат кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Капија. Со што уште еднаш се потврди дека навистина сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата кампања се следени од симпатизери на СДС со цел вршење на притисоци, уцени и поткуп на местата кои се посетени од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Народот е под невиден притисок и нема можност во фер и демократска атмосвера да го даде својот глас и да го оствари своето законско право.

Вакви криминални избори какви што организира СДС нема ни во некоја од земјите од третиот свет, а не пак во Европа. Очигледно е дека власта корумпира, а апсолутната власт корумпира апсолутно. СДС треба да се свесни дека нема да владеат вечно и дека за сите овие напади, изборни манипулации и инжењеринг еден ден ќе одговараат пред лицето на правдата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ