Филипинската армија ги победи исламистите во битката за Марави

Од:

Филипинската армија денеска соопшти дека петмесечната офанзива против исламистичките групи кои го држеа јужниот град Марави е завршена. Според армиското соопштение, војниците ги совладале последните упоришта на исламистите во центарот на градот со 200.000 жители, откако исламистичките команданти одбија да се предадат.

– Со уништувањето на овој, досега најсериозен обид да се рашири насилниот екстремизам и радикализам на Филипините и во регионот, ние придонесовме кон спречувањето на неговото ширење низ Азија, изјави министерот за одбрана Делфин Лорензана.

Телата на 40-ина исламисти и две жени беа најдени во две згради и џамијата во Марави кои беа послендото упориште на групата. Филипинската армија користеше артилерија и автоматско оружје во нападот. Вкупно 920 исламисти, 165 војници и најмалку 45 цивили беа убиени во судирите кои траеа 154 дена, и честопати се претвораа во крвави борби од куќа до куќа низ градот Марави. Над 300.000 жители на Марави и околните населени места се згрижени како бегалци. Според филипинските власти, групата исламисти била поврзана со Исламската Држава и планирала да го претвори целиот остров Минданао во база за идни дејствувања низ југоистична Азија, за што собрала огромно количество оружје и муниција.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски