Луѓето од дамнина биле фасцинирани со животните. Птиците биле предмет на обожување во сите култури. Велат, секој човек барем еднаш посакал да има крилја. Желбата за бегство и одмор од модерниот свет, неодамна доби нов облик – облик на птичје гнездо.
Ова гнездо направено за луѓе е сместено во дивите предели на Кенија. Идејата е да се спи туризмот и зачувувањето на природата и животинското царство. Гнездото е изградено од дрва и гранчиња, а од таму луѓето можат да ги набљудуваат ивите животни и прекрасната природа на Кенија.
Иако целта е „бегство“ од модерниот свет, гнездото има се што е потребно за нормален живот, вклучувајќи и топла вода. Сепак, ова уживање ретко кој може да си го дозволи. Една ноќ во гнездото чини 1.150 долари.