Во Крива Паланка собрани 70 единци крв

Од:

Собрани се 70 единици крв во крводарителската акција што денеска се одржа во Општинската организација на Црвениот крст-Крива Паланка.

Ова е прва акција во октомври на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, а се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина-Скопје.

– Денешната акција е една од најуспешните годинава, а особено е значајна поради тоа што со собраните единици крв денеска го реализиравме и натфрливме годишниот план за крводарувања. Со денешните 70 единици крв досега во 2017-та година имаме собрано вкупно 773 единица крв во двете општини, Крива Паланка и Ранковце, изјави Дарко Пешовски, секретар на Општинската организација на Црвениот крст-Крива Паланка.

Со Годишниот план за акции за крводарување на кривопалаченката општинска организација на Црвениот крст се проектирани 711 крвни единици, а заклучно со денешната акција, планот е натфрлен за 9,8 отсто. До крајот на годината ќе бидат организирани уште четири акции.

На сите дарители кои денеска даруваа крв ќе им бидат направени и бесплатни биохемиски анализи.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот