Првичните проекции по обработени 10 проценти од гласовите по дводневните парламентарни избори во Чешка покажуваат дека партијата АНО (Акција на незадоволни граѓани) на милијардерот Андреј Бабиш води со околу 30 проценти од гласовите.
Доколку овие проекции се одржат во текот на попладнето, може да се случи осум партии да го поминат прагот и да освојат пратеници во новиот чешки Парламент. Бабиш, познат и како „чешкиот Доналд Трамп“, се смета за популистички политичар кој вети остра пресметка со корупцијата во Чешка и намалување на даноците.