Пет лица загинале во хеликоптерска несреќа денеска во Кенија, при уривањето на хеликоптер упатен кон предизборен митинг на претседателот Ухуру Кенијата.
Идентитетот на четворицата патници не е објавен, јави новинкат агенција ДПА, но кениските власти информираа дека тие требало да присуствуваат на митинг во областа Накуру. Хеликоптерот припаѓал на приватна транспортна компанија.
Кенија одржа претседателски избори на кои Кенијата победи, но кои потоа беа поништени. Повторното гласање е закажано на 26 октомври.