ВИДЕО: Конституирана интересорска група за еднакви можности на жените и мажите

Од:

Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска присуствува на конститутивната седница на Интерресорската советодавно консултативна група за еднакви можности на жените и мажите, соопшти владината прес-служба.

Ова тело се формира по донесена одлука на Владата, со цел да се даде значење на решавањето на ова важно прашање и во Македонија. Во него ќе членуваат претставници од министерствата, од државните институции, социјални партнери на МТСП, од граѓанските организации, експерти.

На настанот присуствуваа и претставници од УНИЦЕФ. Сите ја поздравија посветеноста на премиерот Заев, на Министерството за труд и социјална политика и генерално на Владата за решавањето на ова важно прашање и во нашата земја, како во демократските земји во светот.

– Во државава се случуваат големи политички промени, отворивме можности за демократска Република Македонија, за демократски општини, за демократски институции и за демократски развој во сите сфери на општественото живеење. Обезбедувањето еднакви можности на жените и мажите, за што се заложуваме како Влада, е само уште еден доказ дека го менуваме општеството. Но уште поважно, дека ние видливо се менуваме, како луѓе, како граѓани, како политички претставници на граѓаните, застанувајки зад граѓанскиот концепт за еднакви можности за сите, истакна премиерот Заев.

Родовата еднаквост, псочи Заев, е законска обврска и дел од Програмата на Владата на Република Македонија, 2017 – 2020 година.

– Тоа е наша обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година. Но, пред се, клучна е свеста, дека само заеднички, жени, мажи, различни по какви било основи, но сплотени во определбата за еднаквост, можеме да градиме, градиме и ќе градиме општество на еднакви граѓани, порача премиерот Заев.

Тој информира дека Владата ќе предложи ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година (Истанбулска конвенција) и согласно оваа Конвенција, ќе воспостави мрежа на стандардизирани институции чија обврска е заштита од домашно насилство, ќе воведе програми за помагање на развојот на жените претприемачи, посебно во руралните области, ќе се заложи за вклучување на родовата перспектива во колективното договарање на сите нивоа, ќе предложи нов Закон за родово базирано насилство и измени на Кривичниот закон.

– Родовата еднаквост не е само женско прашање, не е само прашање на почитување на уставното право на еднаквост, туку сериозно влијае на развојот на општеството во кое живееме. Еднаквоста на жената значи прогрес за сите. Земјите со поголема родова еднаквост имаат подобар економски раст, а приоритет во агендата на Владата е намалување на сиромаштијата и обезбедување на пристоен, квалитетен живот за сите, рече премиерот Заев.

Најави дека родовата перспектива ќе биде внесена во стратешките планови и буџети на министерствата и на локалните самоуправи и ја охрабри Интерресорската советодавно консултативна група за еднакви можности на жените и мажите, да ги разгледа можностите за уредување на ова прашање во законите, секаде каде што е тоа можно.

– Македонија мора да биде пример за земја на еднакви можности за сите. Заедно сите ќе успееме во оваа наша голема и важна цел, повика Заев во обраќањето до присутните на конститутивната седница на работната група за еднакви можности.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека Владата има системски пристап кон родовото прашање и оцени дека само тоа е решение да има ефекти во брзо време.

– Прашањето го гледаме сеопфатно, вклучувајќи го тука во прв план економскиот раст и развој. Половина од жените сега се надвор од пазарот на трудот. Ќе формираме сервиси за поддршка и ќе го зголемиме бројот на вработувања жени. Веќе почнавме со примена алатки за активирање на жените на пазарот на трудот, посочила министерката Царовска.

За да се постигне активирање на жените на пазарот на трудот и да се влијае на намалување на семејното насилство, според Царовска, потребно е креирање политики и креирање буџети, а Владата работи и на двете нивоа.

На состанокот премиерот Заев и министерката Царовска порачаа дека Интерресорската советодавно консултативна група за еднакви можности на жените и мажите ја има целата поддршка, нивна лична и на Владата во целост, да се спроведат потребните решенија што водат кон еднакви можности за жените и мажите, како дел од концептот на Владата за градење едно општество со еднакви можности за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата