Министерот Адеми се сретна со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада

Од:

Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Техада.

Адеми, како што соопшти неговиот Кабинет, потенцирал дека дијаспората на Република Македонија која живее и работи во Швајцарија е значаен сегмент во Швајцарското општество.

Швајцарската амбасадорка, Сибил Сутер Тахада го изразила нејзиното големо задоволство за ангажманот на кабинетот на министерот задолжен за дијаспора и интересот за креирање на Националната стратегија за соработка со дијаспората.

Министерот Адеми истакнал дека соработката меѓу двете земји е одлична, и денес Швајцарија е една од најголемите билатерални партнери на Република Македонија.

Двете страни покажале интерес за отворена соработка во иднина бидејќи имаат многу заеднички работи и дека тоа е во интерес и за Република Македонија и за Швајцарија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски