Руска амбасада: Соопштението на Владата не преставува коректен одраз од разговорот помеѓу Шчербак и Заев

Од:

Руската амбасада реагира на соопштението на Владата за средбата помеѓу премиерот Заев и рускиот амбасадор Олег Шчербак.

Од амбасадата велат дека текстот на посоченото соопштение од страна на Владата не е усогласен со руската страна и не претставува сосема коректен одраз на одделни оценки кои беа изнесени за време на разговорот од страна на Амбасадорот на Русија.

-Амбасадата информира дека текстот на посоченото соопштение не е усогласен со руската страна и не претставува сосема коректен одраз на одделни оценки кои беа изнесени за време на разговорот од страна на Амбасадорот на Русија. Во исто време, руската страна ја потврдува својата посветеност на сестрано и конструктивно унапредување на традиционално пријателските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија, стои во соопштението на руската амбасада.

Во соопштението на Владата на РМ за средбата помеѓу Заев и Шчербак стои дека Рускиот амбасадор ја поздравил енергичната посветеност на премиерот Заев и неговиот голем придонес кон демократските процеси што ја движат Македонија напред. Изразил почитување кон искрените и конструктивни политики на премиерот и на Владата, кои, како што посочил, водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија, но и унапредување на односите со другите држави на полиња од заеднички интерес за граѓаните на земјите и за мирот во светот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните