Главчев: Бугарија, Грција и Романија – јадро на балканската група

Од:

Благодарение на средбите на премиерите на Бугарија, Грција и Романија, се формира една балканска група во рамките на Европската унија, изјави денеска спикерот на бугарското Националното собрание Димитар Главчев по средбата со неговиот грчки колега Николаос Вуцис.

– Заедно со европската перспектива на Западен Балкан, може да се каже дека тоа навистина е јадрото на идната балканска група, рече Главчев.

Тој додаде дека на состанокот се разговарало и за претстојното претседателство на Бугарија со ЕУ, јави БТА.

– Ова ќе даде дополнителни можности за претворање на Бугарија во регионален центар, односно балканските прашања ќе добијат една добра проекција во Софија, која ќе биде видлива и за Европа, заклучи Главчев.

– Денеска правиме еден мал чекор во реката политики за иднината на ЕУ. Мал чекор во колосекот, инициран од визијата на ниво на претседатели и од средбите на премиерите во Варна, изјави спикерот на грчкиот парламент Николаос Вуцис.

Тој потсети дека Грција е десеттата членка на Европската унија и таа има акумулирано позитивно искуство, но и негативено – особено во последните години, кога Грција се наоѓа во услови на финансиска контрола од страна на европските институции.

– Ние се бориме да постигнеме една Европа во која нема да важат принципите, правилата и прописите селективно, туку за сите еднакво. Не само Бугарија и Грција, туку и останатите балкански земји имаат важни и значајни предности, па и нивните гласови треба да бидат слушнати за да можат да ги спроведат политиките во ЕУ, инсистира Вуцис.

Тој додаде дека таканаречената балканска група треба да биде ударна сила за задвижување на демократските принципи и рамноправност.

Прашан дали за Македонија има место во оваа група, Вуцис рече дека патот за пристапување кон ЕУ е отворен доколку се исполнети сите критериуми.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете