Ал Џезира го купи кабелскиот канал на Ал Гор „Карент ТВ“

Од:

Катарската телевизија Ал Џезира соопшти дека го купува кабелскиот телевизиски канал „Карент ТВ“, формиран во 2005 година од поранешниот вицепретседател на САД Ал Гор и неговиот содружник Џоел Хајат, пренесоа агенциите.

Условите од договорот не се соопштени, но според експертите цената на „Карент ТВ“ е околу 500 милиони долари.

Гор и Хајат остануваат во телевизијата како членови на екипата советници.

Со придобивање на кабелскииот телевизиски канал во САД Ал Џезира добива стимул за своите амбиции да стане конкурентна на американскиот пазар со новинарските телевизии Си-Ен-Ен, Ем-Ес-Ен и Фокс.

Ал Џезира не ја крие намерата да го прекине емитувањето на програмите на „Карент ТВ“ во неговата сегашна форма и да почне нова програма, што ќе се темели главно на деноноќно емитување информативни блокови.

Пред договорот Ал Џеазира имаше околу 4,5 милиони гледачи во САД, а нејзините планови се да го искористи фактот дека „Карент ТВ“ се гледа во приближно 50 милиони домаќинства во САД.

Во моментов Ал Џезира се гледа во 260 милиони домаќинства во 130 земји во светот. Во САД, меѓутоа, катарската телевизија веројатно ќе се судри со редица пречки. Компанијата „Тајм Ворнер кејбл“, која „Карент ТВ“ го носеше до 12 милиони домаќинства, веќе соопшти дека го поништува договорот со веќе поранешниот телевизиски канал на Ал Гор.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on