За две години Иран запленил два американски беспилотни разузнавачки авиони

Од:

Иран соопшти дека запленил два американски беспилотни разузнавачки авиони во 2011 и 2012 година, јави иранската информативна агенција Фарс.

Адмиралот на иранската воена флота Амир Растриги изјави дека двата беспилотни авиони од типот Ер Кју 11 (RQ-11) биле запленети во летото 2011 и во ноември 2012 година. Тој наведе дека поголемиот дел од информациите што ги содржеле беспилотните авиони биле извлечени.

Пред 2011 година Техеран соопшти дека соборил еден од поусовршените воени авиони на САД, кој во Иран влегол од Авганистан.

Би можело да ве интересира

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он