МВР чека известување од Грција за да започне постапката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Од:

Министерството за внатрешни работи чека и официјално да биде известено од грчките власти, за да започне постапката за екстрадиција на поранешните началници Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои синоќа биле уапсени во Солун. По добивањето на опицијалното известување, од МВР најавуваат дека ќе ја информираат јавноста околу чекорите кои ќе бидат преземени за нивно испорачување во земјава.

Двајцата поранешни началници во МВР, кои неколку месеци беа во бегство, според неофицијални информации се притворени во Солун, Грција.

Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР