Почна вакцинација против сезонски грип во Дебар

Од:

Во дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје-Охрид, вчера почна вакцинацијата против сезонски грип, и истата до сега ја добиле 76 лица.

– Годинава набавивме 400 вакцини, за колку што во просек секоја годна во овој период имало интерес. Освен жител од општните Дебар и Центар Жупа, заради близината, за имунизација од сезонски грип, се јавуваат и жители од подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше,-информираше епдемилогот Ментор Меља, раководител на единицата.

Тој додава дека доколу биде потребно ќе се изврши и дополнителна набавка.

Според Меља вакцината е со унифицирана цена од 400 денари и се препорачува за лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип.

Би можело да ве интересира

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар