Управата за водење на матичните книги и коморите на адвокатите, извршителите и нотарите, денеска ќе потпишат меморандум за соработка, кој се однесува за електронска размена на податоци за постапките кои ги водат овие институции
Меморандумот ќе го потпишат директорот на Управата Ѓоко Котевски и претседателите на Комората за извршители Зоран Димов, на Нотарската комора Васил Кузманоски и на Адвокатската комора Никола Додевски.