ВО ЖИВО: Илјадници демонстранти на улиците на Барселона поради одлуката за притвор на двајца сепаратистички лидери

Од:

Врховниот суд на Шпанија синоќа нареди апсење на Жорди Куишарт и Жорди Санчес, поради каталонскиот референдум, а вечерва илјадници Каталонци на улиците на Барселона излегоа на протестен марш против таа одлука.

Каталонските власти одлуката за притвор на Куишарт и Санчес ја оценија како провокација и порачаа луѓето да не подлегнуваат на неа.

Според шпанското Обвинителство, Санчес и Куишарт на 20 септември организирале група демонстранти, кои неколку часа ги попречувале обидите на националната полиција за претрес на седиштето на каталонската Влада во Барселона.

Низ улиците на Барселона вечерва илјадници граѓани излегоа да протестираат против таа одлука на шпанскиот Врховен суд. Тие бараат нивно ослободување и порачаа дека репресијата не е решение.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија