Лондон во мисија на регулирање на односите со Западен Балкан по Брегзит

Од:

Главниот преговарач на британското Министерство за надворешни работи задолжен за консолидација на договорите меѓу Лондон и државите од Западен Балкан, Мајкл Дејвидсон денеска допатува во Белград на разговори со претставници на српските власти.

Како што јави Танјуг, на средби со претставници на Секторот за ЕУ при српската Влада и на Одделот за меѓународно правни работи при Министерството за надворешни работи на Србија, Дејвидсон ги претстави приоритетите на Лондон за консолидација на договорните односи меѓу Велика Британија и земјите од регионот, во рамки на процесот за истапување на државата од ЕУ.

На разговорите взаемно е заклучено дека Србија и Велика Британија го препознаваат интересот за зачувување на високото ниво на соработка и ќе настојуваат да обезбедат адекватна правна рамка што ќе гарантира континуитет и правна сигурност на граѓаните и компаниите од двете земји по завршувањето на процесот на Брегзит.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина