Фабриката на Форд во Романија ќе произведува европски СУВ Еко-Спорт

Од:

Автомобилската компанија „Форд“ одлучи производството на моделот „Еко-Спорт“ за европскиот пазар да го премести од Индија во Романија, поради зголемената побарувачка.

Инвестицијата за новиот погон во романскиот град Крајова, е вредна 200 милиони евра, а тоа ќе значи 1.700 нови вработувања.

Најмалото теренско возило на „Форд“, кое е во иста класа со моделите „Рено Каптур“, „Пежо 2008“ и „Опел Мока“, во Европа лани забележа раст на продажбата од над 30 отсто во однос на 2015 година, додека годинава за осум месеци побарувачката скокнала за дополнителни 27 отсто.

Инаку, „Еко-Спорт“ од Романија ќе се дистрибуира во 56 држави на три континента. Освен на Стариот Континент, возилото се продава и во Туркменистан и во Јужна Африка.

Во соопштението се наведува и дека во Крајова ќе продолжи да се произведува еднолитарскиот „Еко-Буст“ бензинец кој и претходно се склопуваше овде.

Европскиот „Еко-Спорт“ ќе има освежен дизајн во однос на претходната верзија, нов Синк 3 мултимедијален систем, интелигентен погон на четири тркала, а во понудата е и „СТ-Лајн“ верзија.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска