Алфи влегоа во Општина Карпош

Од:

Алфи влегоа во Општина Карпош, откако излезе во јавноста информацијата дека Стевчо Јакимовски изнесувал документи од Општината во црни кеси.

На самото место, како што информира МВР, е констатирано дека во моментот на проверката не се изнесува никаква документација.

– Од извршениот разговор со градоначалникот Стевчо Јакимовски утврдено е дека тој се подготвувал за изнесување на личните предмети од сопствениот кабинет со цел подготовки за примопредавање на функцијата. Личните предмети се уште се наоѓаа во кабинетот. Бидејќи не е потврдено сознанието и постоење на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од КЗ на РМ, поради кое СВР Скопје постапувало, по извршениот разговор, полицајците се повлекле од самото место, наведуваат во соопштението на МВР.

Екс градоначалникот на Карпош за ова одржа прес конференција и кажа дека тој всушност фрлил се што е непотребно од Општината, а Алфите доколку ги сакаат документите, да ги бараат во контејнер.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец