Дутерте го прогласи Марави за слободен град, борбите се уште траат

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека градот Марави од денеска е слободен од „терористичкото влијание“.

– Градот Марави го прогласувам за ослободен од терористичкото влијание, рече Дутерте, кој денеска го посети градот разрушен од борбите и прогласи негово ослободување при краток говор во руиниран училишен камп, оддалечен само еден километар од местото каде се уште се водат борби.

Во градот денеска повремено се слушаат пукотници и експлозии додека владините сили се борат против преостанатите мали групи исламски терористи.

Филипинската војска во борбите вчера уби двајца клучни екстремистички лидери и очекува нивен целосен пораз, бидејќи остануваат уште триесетина на површина од два хектара. Борбите во Марави се водат од 23 мај, кога екстремистите окупираа делови од градот, јужно од земјата.

Портпаролот на филипинската војска Реституто Падиља изјави дека 20 до 30 преостанати екстремисти држат како заложници околу 20 луѓе, меѓу кои има жени и деца.

Командантот на војската Едуардо Ано оцени дека изјавата на Дутерте значи дека заканата од екстремистите, кои пет месеци контролираа делови на Марави, конечно е завршена.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски