Дајмлер повлекува повеќе од милион возила поради воздушните перничиња

Од:

Германски Дајмлер, кој ги произведува автомобилите Мерцедес-Бенц, повлекува повеќе од еден милион возила од целиот свет поради грешка во поврзување, која може да доведе до неочекувано отворање на воздушните перничиња.

Од возилата кои ги повлекува, повеќе од 400.000 се регистрирани во Велика Британија, како и неколку илјади во Германија, а подоцна ќе биде објавено во кои други земји се наоѓаат возилата со таква грешка.

Повелкувањето возила од Велика Британија се однесува на автомобили продадени помеѓу ноември 2011 и јули 2017 година.

Меѓу моделите кои се погодени се некои возила Мерцедес А, Б, Е и В класа и моделите ЦЛА, ГЛЦ, ГЛК.

Повлекувањето на возилата ќе започне во следните неколку недели, кога ќе бидат достапни потребните делови за поправка. Поправката трае еден час и ќе биде направена на сметка на производителот.

Дајмлер прецизира дека проблемот не е поврзан со скандалот на јапонскиот производител Таката, кој неодамна повлече околу 100 милиони свои воздушни перничиња од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска