Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе прими акредитивни писма на новоименуваните амбасадори на Шпанија, Чешка и на Кувајт за Република Македонија.
Новоименуван амбасадор на Кралството Шпанија е Емилио Лоренсо Сера, на Чешката Република Мирослав Томан, а на Државата Кувајт за Република Македонија со седиште во Софија е Јакуб Алтеги.