Турција со рекорден извоз од 152 милијарди долари во 2012-та година

Од:

Турскиот министер за економија Зафер Чаглалајан изјави дека неговата земја минатата година остварила рекорден извоз во 66 држави во светот, и тоа дури во 37 различни области.

– Само во текот на минатиот месец остварен е извоз од речиси 12 милијарди долари. Извозот во 2012 година е зголемен во однос на 2011 година за 12,6 проценти и изнесува вкупно 151,9 милијарди долари, истакна Чаглалајан на годишната прес-конференција во Анкара, изнесувајќи ги податоците за успехот на турската економија во изминатата година.

Тој нагласи дека е потребно каматите да бидат уште пониски и дека намалувањето од 25 основни поени не е доволно.

Исто така, турскиот министер додаде дека автомобилската индустрија во Турција оваа година ќе биде многу поуспешна, изразувајќи желба во текот на 2013 година турската автоиндустрија на пазарот на понуди и домашен производ.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул