Пожар над штипската населба Три чешми

Од:

Гори борова шума и сува трева над штипската населба Три чешми и селото Сушево во правец кон селата Добрашани и Криви Дол.

Дежурните пожарникари кои се на терен велат дека се зафатени околу 30 хектари, а огненатата стихија е во должина од четири до пет километри. Според првичните информации, станува збор за пожар предизвикан од непознато лице.

Општина Штип со соопштение го информира месното население да се вклучи во гаснењето на пожарот.

– Во реонот над Сушево евидентиран е пожар. Се известуваат жителите од Сушево, Добрешани и Криви Дол да им помогнат на екипи на Територијалната противпожарна единица – Штип во гасењето, но да бидат внимателни и претпазливи, се вели во соопштението на Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“