Триесет и петгодишна тетовка синоќа била нападната и ограбена од непознатото лице на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „ЈНА“ во Тетово.
Како што информира МВР, непознатото лице и се доближило на З.А., почнало да ја влече и од левата рака и го одзело паричникот, во кој имала 500 евра и 600 денари, а потоа избегало кон улицата „29 Ноември“.
Кражбата која се случила во 00,30 часот, ја пријавила З.А. денеска околу 01,00 часот.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.