Претседателски избори во Киргистан

Од:

Вкупно 11 кандидати, меѓу кои и неколкумина поранешни премиери, денеска учествуваат во трката за нов претседател на Киргистан, на избори, кои се оценуваат како тест за демократијата во оваа поранешна советска република и треба да го трасираат патот за мирен трансфер на власата.

Актуелниот киргистански преседател Алмазбек Атамбаев, кој на оваа функција е од 2011 година, согласно Уставот на земјата, нема право на уште еден мандат. Атамбаев важи за „проруски“ ориентиран и во текот на неговиот мандат, Киргистан се приближи кон Русија, но ја зајакна соработката и со Кина.

Главни фаворити за победа на денешните избори се двајца поранешни премиери, Ремир Сариев од партијата Бел Сокол (Акшумар) и Омурбек Бабанов, кој настапува како независен кандидат.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска