На странските џихадисти кои се бореле за екстремистичката група Исламска држава во Рака нема да им биде дозволено да го напуштат сирискиот град заедно со сириските борци на ИД, соопшти меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД.
– На странските борци не им е дозволено да го напуштат Рака, се наведува во соопштението на коалицијата.
Претходно, сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека сите сириски борци на ИД го напуштиле Рака, некогашното упориште на ИД во Сирија, заедно со своите семејства, упатувајќи се во напознат правец, како и дека се во тек подготовките за заминувањето на странските борци.