14 загинати во судир меѓу нигериската војска и екстремни исламисти

Од:

Нигериската војска вчера се судри со екстремисти од групата Боко Харам во градот Маидугури, во североисточниот дел од земјата, при што загинаа еден војник и 13 бунтовници.

– Припадниците на армијата денеска се судрија со терористите на Боко Харам во два градски кварта. Во пресметката еден војник загина, а двајца се повредени, додека од другата страна убиени се 13 терористи, соопшти претставникот на локалните безбедносни сили Сагир Муса.

Вооружената група Боко Харам е формирана во 2002 година и бара воведување на шеријатскиот закон во цела Нигерија, вклучувајќи го и јужниот дел на земјата, каде главно живеат христијани и анимисти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он