Кениските власти забранија демонстрации во три града, во кои изминатиов период се одржуваа протести на опозицијата пред новите претседателски избори закажани за 26 октомври.
– Демонстрациите во градовите Најроби, Момбаса и Кисум се забранети поради јасната закана дека може да дојде до загрозување на јавниот ред и мир, изјави министерот за внатрешни работи, Фред Матианга.
Опозицијата организираше протести изминатите недели во овие градови против изборната комисија која се смета за одговорна за нерегуларностите на претседателските избори на 8-ми август.
Врховниот суд на Кенија ги поништи изборите што ги доби претседателот Ухуру Кенијата. Новите избори се закажани за 26 октомври.
Во демонстрациите во Кенија досега загинаа 37 лица.