Српскиот фудбалски репрезентативец Адем Љајиќ одново стана цел на српската јавност, откако на дуелот со Грузија (1:0) не ја пееше химната на Србија.
Фудбалерот на Торино и пред две години беше критикуван од иста причина, а тогашниот селектор Синиша Михајловиќ одлучи да го отстрани од репрезентацијата.
За време на интонирањето на химните пред натпреварот со Грузија, сите членови на српската репрезентација пееја заедно, додека Љајиќ повторно одби да ги изговори стиховите од „Божјата правда”.
– Играв за репрезентацијата на мојата земја од мали нозе, но доколку услов да се настапува за Србија е пеење на химната, тогаш нема да играм, изјави во 2015 година Србинот со муслиманска вероисповед.
Останува да се види реакцијата на сегашниот селектор на Србија, Славољуб Муслин кој во неколку наврати потенцира дека Љајиќ му е потребен во репрезентацијата.