Државниот секретар во МНР, Димовски на Состанокот на национални координатори за Процесот 16+1

Од:

Државниот секретар во министерството за надворешни работи, Виктор Димовски денеска учествуваше на Состанокот на националните координатори на Процесот за соработка на Кина и земјите од Централна и источна Европа во Будимпешта.

Во своето обраќање тој информираше за надворешно политичките приоритети на новата влада на Република Македонија, активностите на полето на регионалната соработка и во тој контекст за активностите во рамки на Процесот 16+1, во пресрет на подготовките на Шестиот самит на шефови на Влади во овој формат што ќе се одржи на 27 ноември во Будимпешта.

Посебен акцент стави на активностите за воспоставување на Регионалниот центар за културна соработка во рамки на Процесот 16+1 во Скопје кој ќе започне со работа на 1 јануари 2018 година, а се осврна кусо и на приоритетните области во соработката со Кина.

Би можело да ве интересира

Азизи: Русија и Кина ќе уживаат во поволни услови за премин низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Експлозија во кинески рудник за јаглен: Најмалку 82 лица загинаа, има уште луѓе под урнатините

Песков: Си го информираше Путин за резултатите од посетата на Трамп на Кина

„Блумберг“: Си го надмудри Вашингтон и го зацврсти сојузот со Москва

Александар Вучиќ оди во Кина

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа неверојатно ниво

А1он