Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) најави дека ќе го лансира најголемиот вселенски телескоп на две годишна потрага по тешко видливите делови на Млечниот пат и други галаксии.
Леталото кое ќе го носи телескопот ќе биде лансирано од остров меѓу Хаваи и Австралија. НАСА соопшти дека станува збор за првиот телескоп кој ќе употребува моќни рентген зраци.