Николас Тај од британскиот град Бирмингем основал архитектонска фирма, чија канцеларија ја сместил во неговиот дом.
Но, кога бројот на вработени во фирмата се зголемил, се јавил проблем со недостиг на работен простор во канцеларијата, па Тај морал да најде решение.
Проблемот го решил на тој начин што еден стар амбар го трансформирал во модерен деловен просотр, лесен за одржување.
Со цел да обебзеди хармонија со околината, при уредувањето на канцеларискиот простор Тај користел еколошки и енергетски лесноодржливи материјали.
Главните работни бироа се сместени во еден голем отворен простор, каде влегува доволно количество дневна светлина, додека просторијата за програмирање, библиотеката, собата за состаноци, кујната и складиштето се посебни целини.
Во самите канцеларии се употребени повќе самоодржливи и задрави технологии, со цел да се намали штетното влијание врз животната средина и да се подобрат работните услови на вработените.
Објектот се напојува со струја што ја прозиведува генератот кој се движи на погон од ветер, а покривот е опремен со систем за собирање дождовница, која потоа се користи за наводување на градината.
Во внатрешноста се употребени светилки со мала поторшувачка на струја, а подното греење и системот за ладење функционират на принципот на циркулација на воздухот, со што се овозможува заштеда на електрична енергија.