Во Србија започна предизборниот молк пред вториот круг на претседателските избори.По два месеци, а посебно по интензивните настани меѓу двата изборни круга, граѓаните можат да здивнат и да размислат кому ќе ја дадат довербата, на Тадиќ или на Николиќ.
Во вториот и одлучувачки круг влегоа кандидатот на коалицијата „Избор за подобар живот“, на Борис Тадиќ, кој во првиот круг освои 25,31 процент од гласовите, и кандидатот на коалицијата „Да ја придвижиме Србија“ на Томислав Николиќ, кој во првиот круг доби поддршка од 25,05 проценти.
Неизвесно беше на ТВ дуелот во средата, пренесуван од РТС. Се доби впечаток дека Николиќ напаѓа, а Тадиќ се брани. Но и по дуелот, иако многумина прогнозираат дека предноста е кај Тадиќ, неизвесноста од исходот е голема.