Шефот на Пентагон, Џејмс Матис и претседателот на Советот на Генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Џоузеф Данфорд го запознаа американскиот претседател Доналд Трамп со варијантите за дејствување против Северна Кореја, соопшти Белата куќа.
Трамп се советуваше со членови на тимот одговорен за прашањата за националната безбедност, меѓу кои учествуваа Матис и Данфорд.
На средбата биле разгледани различни варијанти за одговор на секаква севернокорејска агресија или во случај на неопходност за спречување на закана од нуклеарно оружје против САД и нивните сојузници од страна на Пјонгјанг, се наведува во соопштението, без да се истакнат повеќе детали.