Опозицискиот лидер во Кенија, Раила Одинга денеска најави повлекување од претседателските избори, закажани за 26 октомври.
Тој одлучи да се повлече од изборите поради тоа што не е исполнето неговото барање за изборни реформи.
Кенијците на 26 октомври ќе излезат на повторно гласање, откако Врховниот суд одлучи да ги поништи резултатите од изборите одржани на 8 октомври. Оваа одлука е донесена откако Одинга поднесе жалба, тврдејќи дека компјутерите во Изборната комисија биле хакирани, благодарејќи на што победил актуелниот претседател Ухуру Кенјата.