Најмалку две жени се убиени, а неколку студенти се ранети денеска при напад врз Техничкиот универзитет во кенискиот пристанишен град Момбаса.
Според очевидци на нападот, десетина вооружени лица отвориле оган врз автобуси кои превезувале групи студенти кон универзитетот. Две жени вработени во Универзитетот биле убиени, а повеќе студенти се ранети.
Идентитетот и мотивот на напаѓачите се уште не е соопштен.
Во 2015 година, 148 студенти беа убиени во исламистички напад врз универзитет во кенискиот град Гариса. Кенија се граничи со Сомалија, од каде исламистичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Исламската Држава, врши напади врз цела Источна Африка.