Режисерот Квентин Тарантино изјави дека би сакал да соработува со Џони Деп и оти тоа ќе се случи штом најде соодветна улога за него.
Тарантино истакна дека двајцата се фанови еден на друг.
– Сакаме заедно да работиме. Со години зборуваме за тоа. Очигледно ја сакаме работата на оној другиот. Мора само да најдеме соодветен лик. Јас морам да напишам соодветен лик за Џони и ако прифати, ќе снимаме. А, тоа ќе биде магија, наведе Тарантино.
Најновиот филм на Тарантино „Осветата на Џанго“ со Џереми Фокс, Леонардо ди Каприо и Кристоф Волц неодамна почна да се прикажува во кината.