Папата Бенедикт Шеснаесетти се помоли денеска за мир во светот, убеден дека мирот ќе преовладува во 2013 година и покрај нееднаквоста, тероризмот и „неконтролираниот финансиски капитализам“.
Во обраќањето до верниците во базиликата „Свети Петар“ во Рим, папата зборуваше за тероризмот, криминалот и „расадниците на тензии и конфронтации предизвикани од зголемената нееднаквост меѓу богатите и сиромашните и растроеноста на себичните и индивидуалистички менталитети, кои се изразени во неконтролираниот финансиски капитализам“.
Истовремено, поглаварот на Римокатоличката црква нагласи дека човештвото има „вродена желба за мир“, молејќи се за „подарок на мирот“ оваа година.
Католичката црква денеска го одбележува првиот ден од Новата 2013 година како Светски ден на мирот.