Во акција на полицијата во Малезија уапсени се уште двајца албански државјани поради поврзаност со тероризам, главно со терористичката група Исламска држава.
По апсењето на Клодиан Заимај, познат и под верското име Ибрахим, албанските медиуми јавија дека последно уапсените двајца Албанци се Ј.З. од Тирана и А.Г. од Љушња.
Претходно малезиската полиција уапсила осум лица, под сомненија за поврзаност со ИД, меѓу нив и Заимај, за кого албанската полиција соопшти дека веќе неколку години живеел во Малезија.
– Заимај не е професор во Албанија, како што пренесоа медиумте. Тој во Малезија живее осум години, каде завршил високо образование и во оваа земја, според малезиските медиуми, бил професор, стои во полициското соопштение.
Како што јавуваат албанските медиуми, Заимај, кој потекнува од Церик во редовите на ИД испратил најмалку 20 млади Албанци кои биле на студии во Сирија и Јордан.