(ВИДЕО) Туфегџиќ: Додека градот се гушеше, Коце Трајановски повикуваше да не се излегува надвор

Од:

„Коце Трајановски во последната програма од 2013 до 2017 година зборот воздух го има употребено само еднаш, иако загадувањето на воздухот е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Скопје.

Коце Трајановски вети дека до 2017 година, градот Скопје ќе изработи стратегија и план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град, со соодветни мерки и рокови за реализација. Стратегија не е изработена, а планот остана само на хартија со мерки кои дел од нив се декларативни, но без соодветни рокови за реализација.

Клучната мерка на Коце Трајановски во градот кој се гушеше минатата година и кој беше претворен во гасна комора беше да не излегуваат на отворено. Дури и кога Коце Трајановски глумеше дека го почитува сопствениот апел за користење на јавниот превоз во главниот град, новинарите открија дека неговиот шофер дошол на работа со службениот автомобил на работа.

На Скопје му се потребни промени веднаш. На Скопје му е потребна нова градска администрација, на Скопје му е потребен градоначалник кој заедно со советот, граѓаните и здруженијата долгорочно ќе го реши проблемот со загадениот воздух, уништеното зеленило и водата за пиење.

На Скопје му е потребна промена веднаш и затоа на 15-ти октомври да излеземе масовно, да го поддржиме Петре Шилегов и советничката листа на СДСМ и коалицијата, за да ги заокружиме промените на локално ниво. Да не дозволиме Никола Груевски и Коце Трајановски уште 4 години да го држат градот Скопје во заложништво“, изјави Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?