Груевски: Заев нема капацитет и способност да преземе нешто и затоа зборува за мене 24 часа на ден

Од:

Заев зборува за мене 24 часа на ден бидејќи тој знае дека нема капацитет и способност да преземе нешто и да го надгради тоа што досега сме го направиле, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.

– Тој е празен, неговиот капацитет, неговата визија не се доволни да го направат она што можеме ние да го направиме. Ве повикувам да му ја дадеме на овој човек лекцијата која што ја заслужува. Изгледа нема лице и храброст да научи, но ајде ние да го научиме, тој само парадира секојдневно и го менува лицето како секој ден да е карневал во Струмица. Тој е празен човек, не може да постигне ништо, но заслужува лекција. Дали сте подготвени да ги научите со лекција оние кои што се неспособни и со празни ветувања за народот?, рече Груевски.

Во обраќањето пред струмичани, тој премиерот Заев ниту еднаш не го ослови по име, нарекувајќи го „лицето“ и „овој човек“.

– Дојдете и придружете ни се, придружете се на нашите напори да се обединиме и да направиме посилна Македонија. Лицето кое ја води СДСМ не вреди, заслужувате подобро, за тоа што овој човек не е загрижен за напредокот на градовите, не е загрижен за земјоделците, работниците, невработените. Тој ги нема сите во својата агенда, тој нема љубов кон знамето и татковината, рече Груевски во своето обраќање.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на сите проекти кои што минатата власт ги започнала и ги завршила изминатите години и вети тие ќе продолжат и во наредниот период ако ја добијат довербата на граѓаните.

– Многу работиме и правиме се, за и другите да добијат работа. Знаеме како да обезбедиме работа, знаеме како да создадеме урбани средини. Ние обезбедуваме работа – тие празни зборови, ние испорачуваме резултати –тие магла. Не сме едни од оние што од следниот ден ќе ве заборават, ние сме партија на сите граѓани и сме гаранција за стабилноста и за силна Македонија“, рече Груевски ветувајќи нови 150 илјади работни места, проекти, инвестиции, бесплатни обраци за децата од прво до петто одделение…

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?