Марија Шарапова ќе го носи знамето на Русија за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Лондон.
Претседателот на руската тениска федерација, Шамил Тарпишчев, појасни дека постигнал договор со ѕвездата по нејзината победа на Ролан Гарос во саботата. Така веќе има тројца тенисери меѓу оние што ќе носат знамиња на земјите во Лондон.
Новак Ѓоковиќ ќе биде знаменосец на Србија, а Рафа Надал на Шпанија.
На Игрите во 2008 година знаменосци беа Роџер Федерер (Швајцарија) и Фернандо Гонзалес (Чиле).