Турски камионџија починал откако истоварил роба во Илинден

Од:

Вчера во 15 часот во фирма на улица 32 во населбата Илинден починал турски државјанин Џ.П., кој таму истоварал роба со камион.

Џ.П. пристигнал со товарно возило „МАН“ со турски регистарски таблици, а откако ја истоварил робата на улицата, му се слошило и паднал во дворот од фирмата, по што починал.

Од страна на лекар од Итна медицинкса помош, констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот со погребално возило е однесено во судска медицина за понатамошна постапка. Од страна на увидна екипа возилото е дислоцирано и запечатено до доаѓање на претставник од фирмата од Република Турција во чија сопственост е камионот за преземање на истиот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он