Драстично намалени нивоата на неколку реки во Македонија

Од:

Нивоата на реките Црн Дрим кај Ложани и на Вардар кај Јегуновце се пет пати пониски од просекот за октомври, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.

Намалување на водостоите бележат и Вардар кај Зајчев Рид, Црна Река кај Новаци, Сатеска кај Ботун, Крива Река кај Крива Паланка, Треска кај Македонски Брод и Пчиња кај Катлановска Бања.

Повисоко ниво од октомврискиот просек има само на Вардар кај Демир Капија и на Брегалница кај Берово.

Според УХМР, нивото на Дојранското Езеро повторно е зголемено, од 82 центиметри колку што е просекот за октомври, на 174 центиметри, додека Охридското езеро е нешто под просекот.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска