Илјадници луѓе на плоштадот Вацлавске намјести во Прага ја пречекаа Новата година

Од:

Илјадници Чеси и странци во центарот на Прага, на плоштадот Вацлавске намјести, ја прославија Новата 2013 година, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Дел од специјалната програма која започна уште во 14,30 часот за децата, а траеше до полноќ покрај настапите на повеќе музички групи беше и трансвестит шоу.

Според портпаролката на полицијата Ева Копачова, пречекот на Новата година минало без поголеми проблеми иако специјалната станица за „отрезнување“, каде се носат луѓето кои прекумерно користеле алкохол, била преполна уште во 22 часот.

Традиционално спектакуларниот огномет, кој го следат туристите и Чесите од мостовите на реката Влтава ќе биде денеска во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски